Ќе се намалат ли цените на енергијата како резултат на зголемување на енергетските интерконекции?

28

Дванаесет членки на ЕУ ја повикаа Европската комисија да поддржи создавање енергетски интерконекции, особено за пренос на електрична енергија, за намалување на цените на енергијата во услови на нестабилност на пазарот.

Во заедничката изјава, Австрија, Германија, Грција, Данска, Ирска, Италија, Кипар, Луксембург, Малта, Португалија, Холандија и Шпанија нагласуваат дека интерконекциите се клучни за функционирање на внатрешниот пазар на енергија во ЕУ. Потписниците повикуваат на итни мерки за интеграција на системите за електрична енергија, вклучувајќи остварување на целите за интерконекција до 2030 година.

Тие исто така укажуваат на важноста на „обединета акција на ЕУ“ во справувањето со енергетските кризи, особено по руската агресија врз Украина. Според нив, енергетската зависност од фосилни горива и геополитичките фактори доведоа до поскапување на енергијата.

Бугарија, Грција и Романија побараа мерки за намалување на цените на енергијата во Југоисточна Европа, укажувајќи на недостатокот на интерконекции со централна Европа. Португалија и Шпанија исто така бараат подобрување на интерконекциската инфраструктура, особено со Франција, со која постигнаа договор за подводен гасовод.

Иницијативата „РепауерЕУ“, лансирана во мај 2022, предвидува зголемување на интерконекциите на електрична енергија и гас помеѓу Португалија, Шпанија и останатите земји членки.