Diamond Mall в сабота ќе го прослави првиот роденден со концерт на Саша Ковачевиќ

29

Со настап на големата балканска ѕвезда Саша Ковачевиќ, „Дајмонд Мол“ ќе прослави една година од своето постоење. Централниот настан ќе се одржи в сабота, а покрај Саша Ковачевиќ, публиката ќе ја забавуваат и Поп арт бенд, додека своја точка ќе има и Маријана Станојковска, која воедно е и водителка на настанот. Настанот ќе се одржи во познатата Гурманска авенија (Gourmet Avenue) на „Дајмонд Мол“, каде што посетителите можат да уживаат во богатата гастрономска понуда.

На роденденската прослава ќе бидат извлечени и добитниците на две парични награди во вредност од 50.000 денари, четири парични награди од 25.000 денари и осум парични награди во вредност од 12.500 денари, кои се доделуваат во рамки на наградната игра организирана од „Дајмонд Мол“ по повод првиот роденден. Извлекувањето на главната награда, автомобил на хибриден погон – PEUGEOT NLU 3008 Allure HIBRID, ќе биде исто така дел од програмата, а наградата ќе ја извлече ѕвездата на вечерта Саша Ковачевиќ.

„Дајмонд Мол“ со своето отворање понуди нов уникатен концепт на „лајф-центар“, каде покрај атрактивната шопинг понуда, има и можности за едукација и забава за деца и млади во Зоната на соништата (Dream Zone), како и специјален простор наречен Гурманската авенија каде се сместени ресторани, барови и кафулиња од отворен и полуотворен тип.

Трговскиот центар „Дајмонд Мол“ располага со површина за закуп од 48.000 квадратни метри. Заедно со четирите станбени кули и луксузниот хотел со пет ѕвездички „Лимак Скопје Лагжари Хотел“, тој е дел од престижниот мултифункционален комплекс во кој се инвестирани над 350 милиони евра.