Најмалку 94 лица загинаа на северот на Нигерија кога експлодираше цистерна со гориво која претходно учествуваше во несреќа, пишува Си-eн-ен.
Мештаните се собрале околу излетаното возило за да наточат гориво, по што дошло до детонација.
„Околу 23:30 часот во вторникот во градот Маџија, во областа на локалната самоуправа Таура во Џигава, возачот на танкерот изгубил контрола во близина на Универзитетот во Кадија и цистерната експлодирала“, се вели во соопштението на портпарол на полицијата, според локалните медиуми.
Полицијата додаде дека уште 50 лица се хоспитализирани поради повреди од различен степен поради експлозијата.
„Загрижени сме што и покрај тоа што полицијата ги предупредува луѓето да се држат подалеку од местата на несреќи во кои учествуваат цистерни со гориво, тие продолжуваат да се вклучуваат во такви дела. Луѓето собрани околу местото на несреќата се причина за масовната смрт“, рече портпаролот.
Тој додаде дека на повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Рингим.
Akalla mutane 100 sun rasa ransu biyo bayan fashewar tankar mai a garin Majia dake karamar hukumar Taura a jihar Jigawa.
Fashewar ta auku ne a daren jiya Talata da misalin ƙarfe 11 na dare. Rahotanni na bayyana cewa akalla sama da mutum 100 sun jikata sanadiyar fashewar tankar pic.twitter.com/YlzBXIuy85
— ATP NEWS (@Atphausatv) October 16, 2024