Шолц вели дека е подготвен да разговара со Путин за решение за Украина

149

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е подготвен со рускиот претседател Владимир Путин да разговара за мирно решавање на ситуацијата во Украина.

Говорејќи во Бундестагот, канцеларoт се заложи за одржување на мировна конференција за Украина со учество на Русија.

„Во овој поглед, мислам дека сме во право кога велиме дека ќе разговараме со рускиот претседател“, нагласи Шолц.