Од 1 октомври забранети популарните гуми со ознака М+S

ВАЖНО ЗА ОНИЕ ШТО ПАТУВААТ ВО ГЕРМАНИЈА

103

Од 1 октомври, Германија ги смени прописите за зимски гуми и веќе се применуваат на сите патишта во зимски услови на возење. Како зимски гуми ќе се признаваат само оние што го носат алпскиот симбол (планина со три врва и снегулка).

Ова важи и за гумите за сите сезони. Од 1 октомври, пневматиците само со ознаката М+S не смеат да се користат во зимски услови на патиштата, бидејќи веќе немаат статус на зимски гуми и возењето со нив ќе се казнува.

Овие гуми се многу популарни и во Македонија. Доколку имате гуми само со ознаката М+S (а немаат алпски симбол), знајте дека тие не смеат да се монтираат за возење во претстојната зимска сезона, во Германија.

Казната за користење (само) гуми М+S е 60 евра. Во случај на сообраќајна несреќа, оваа сума се зголемува и до 120 евра, а прашање е колкава штета би покрило осигурувањето. Доколку дојде до несреќа поради немање зимски гуми, можно е и осигурувањето само делумно да го плати обесштетувањето.