Силен земјотрес во Турција, нема жртви и повредени

167

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степрни според Рихтеровата скала ја погоди Турција вчера околу 10.16 часот по локално време, со епицентар во близина на Малатија, град на истокот на земјата, кој лани беше центар на разорни потреси.

Агенцијата за справување со катастрофи (АФАД) соопшти дека потоа имало уште 30 потреси со магнитуда од 1,2 до 3 степени, но дека нема жртви и повредени, пренесе „Анадолија“.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како се тресат ѕидови и мебел и како луѓе панично бегаат.

Земјотресот е регистриран на длабочина од девет километри со епицентар на 43 километри од Малатија.

Министерот за внатрешни раобти на Турција Али Јерликаја рече дека спасувачките тимови се веќе пратени на терен  за да ја проценат ситуацијата.

Локалните власти соопштија дека граѓаните во паника скокале од зградите.