Влатко Кешишев не однесе до местото каде ја закопале Вања

520

Сведокот кој е помошник началник во СВР Скопје во судницата кажа дека обвинетиот Влатко Кешишев ги однел на местото каде ја закопале Вања кај местото Бразда. Најпрво им го покажал запалениот автомобил на Панче Жежовски, а на неколку метри погоре по едно тесно црно патче , како што кажа сведокот, дошле до местото на убиството. “ Ни покажа со главата, онде кај перниците ( дупката била затрупана и покриена со перници и јорган), копавме и се појави нога и нос на тело”- изјави сведокот. Според него Кешишев долго се предомислувал да каже од страв дека Палчо ќе го убие. До просториите на партијата “ Десна” ги одвело возилото Рено Кангу, каде го затекнале обвинетиот Кешишев. (П.А)