Со премиера на македонскиот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски синоќа во киното „Фросина“ се отвори 9. меѓународен филмски фестивал „Киненова“.
Оваа имагинативна филмска анимација е првиот долгометражен анимиран филм во  Македонија. Филмот ќе биде дел од главната натпреварувачка програма на „Киненова“ 2024, натпреварувајќи се со уште 5 други филма за наградата Гран при, најдобар филм на деветтото издание на фестивалот.
На австрискиот режисер Улрих Зајдл му беше вречена наградата на фестивалот за особен придонес во светската филмска уметност кој на младите филмаџии и креативци им порача дека кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, мора да се даде отпор.