Шешко е летен приоритет

51

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал не се откажува од намерата да ги осигура услугите на словенечкиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко. Популарните „топчии“ планираат веднаш на почетокот од летниот преоден рок да испратат понуда за младиот напаѓач и истата нема да биде помала од 80 мил. фунти.