Тешка сообраќајна несреќа вечерва во Скопје – четири повредени лица се пренесени во Клинички

534

Превртено и запалено возило, после мостот Гоце Делчев на патот кон Т.Ц. Мавровка го отежнува вечерва сообраќајот во овој дел од Скопје.

„На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ на кракот со улица „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило.

Четири лица се пренесени во Клинички Центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош.

Сообраќајот беше пренасочен кратко време , а сега се одвива во една коловозна лента“, соопшти МВР.