Поради дотраеност, се менува дрвената ограда на Средно Водно

762

Oд јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ информираат дека екипите од секторот Вонградско зеленило, по налог на Град Скопје, поставуваат нова ограда на Средно Водно, поради дотраеност на постојната ограда и изгниеност на столбовите, што, како што велат, претставувало потенцијална опасност за посетителите.

– Со брза реакција, Градот и претпријатието веднаш интервенираа откако беше уништена и урната дел од оградата, со цел безбедно движење на посетителите во парк-шумата „Водно“ – соопштија од ЈП „Паркови и зеленило“.

Оттаму апелираат до граѓаните да се однесуваат одговорно кон парковската опрема и кон дрвените реквизити на Водно и да ја чуваат природата за која, како што потенцираат, треба сите заедно да се грижиме.