По само девет дена, вечерва повторно имало пукање во скопската населба Чаир, дознава ТВ21.
Според информациите, едно лице е рането и е пренесено на укажување лекарска помош во Градската болница.
На 5 октомври кај маркетот „Веро“ во Чаир од „пасат“ беше пукано во лицето е со иницијали А.Б., и 19-годишникот со четири прострелни рани веднаш подлежеше на операција во Клиничкиот центар.
ТВ21 претходно пренесе дека „Пасатот“ е со кумановски регистарски таблици кое веднаш избегало од местото на настанот.
Опозицијата тогаш побара оставка од првиот човек на МВР, Панче Тошковски.