Во Газа убиени 10 лица додека чекале во ред за храна

30

Во израелски напад на центар за дистрибуција на храна, вчера се убиени 10 и ранети десетици Палестинци, додека чекале во ред за храна. Меѓу жртвите има и жени и деца.

Сведоци кажуваат дека израелските сили испалувале артилериски гранати на цивилите кои чекале да земат брашно во центарот на бегалскиот камп „Џабгалија“.

Итната помош и медицинските тимови не се во можност да пристапат до тоа подрачје за да ги пренесат жртвите во болница, поради ограничувањата кои ги воведе израелската војска, рекоа сведоците, пренесува „Ал џезира“.