Железничка несреќа во Египет: Најмалку 20 лица се повредени во судир на локомотива и патнички воз

33

Најмалку 20 лица се повредени во јужен Египет во судир на локомотива и патнички воз кој се движел кон Каиро, соопштија денеска египетските власти.

Ова е втора железничка несреќа во Египет во последниот месец.

Судирот се случил во провинцијата Миња, 270 километри јужно од Каиро, соопшти железничката управа. Два вагона паднале во блиската река.

Причината за несреќата се истражува, се наведува во соопштението.

Министерството за здравство одделно соопшти дека најмалку 20 лица се пренесени во болници.

Агенцијата АП посочува дека излетувањето на возовите и судирите на возови се вообичаени во Египет, каде што железничкиот систем е застарен и лошо управуван.

Во септември, два патнички воза се судрија во градот на делтата на Нил, при што загинаа најмалку три лица.

Претседателот Абдел Фатах ел-Сиси во 2018 година рече дека ќе бидат потребни околу 250 египетски фунти (8,13 милијарди долари) за да се воспостави модерна железничка мрежа.