Ако се појави превозот, како да си добил бинго!

Граѓаните на Белград и на Скопје на слични маки со градскиот превоз. И во двете метрополи има метеж на постојките, а автобус во некои населби се чека и по повеќе од еден час. Во Скопје автобуси има сè помалку, а оние што сè уште се тркалаат по скопските улици, се дотраени. За безбедноста доволно говорат честите објави за повреди на патници. Информациите за возниот ред, пак, слободно може да ги сместиме под рубриката дезинформации. Слична е состојбата и во Белград. Белграѓани се жалат дека состојбата со автобускиот градски превоз е како во 90-тите, кога ќе се појави превозот – како да си добил бинго. Тамошните медиуми посочуваат дека на некои линии што ги водат приватни превозници, автобусите сообраќаат на многу подолги интервали од вообичаеното, односно ги прескокнуваат поаѓањата

356

Граѓаните на Белград и на Скопје на слични маки со градскиот превоз. И во двете метрополи има метеж на постојките, а автобус во некои населби се чека и по повеќе од еден час. Револтирани од колабираниот градски автобуски превоз, велат дека не можат да си ги завршат основните потреби – да појдат на работа, на лекар… Од ваквите состојби во јавниот градски превоз, во двата града, најмногу страдаат повозрасните граѓани, луѓето од социјално ранливите групи кои немаат разни можности за превоз, но и учениците кои мораат да тргнат на училиште многу порано, за да не задоцнат.

Во Скопје автобуси има сè помалку, а оние што сè уште се тркалаат по скопските улици, се дотраени. За безбедноста доволно говорат честите објави за повреди на патници. Информациите за возниот ред, пак, слободно може да ги сместиме под рубриката дезинформации.

Слична е состојбата и во Белград. Белграѓани се жалат дека состојбата со автобускиот градски превоз е како во 90-тите, кога ќе се појави превозот – како да си добил бинго. Тамошните медиуми посочуваат дека на некои линии што ги водат приватни превозници, автобусите сообраќаат на многу подолги интервали од вообичаеното, односно ги прескокнуваат поаѓањата. Жител на населба во Белград вели дека автобусот кој поаѓал на 10 минути, сега тргнува на 40 минути, поради што се ствараат гужви на постојките и во самиот автобус.

И додека новите превозници не ги почитуваат правилата, старите обвинуваат дека градот од нив бара паричен надомест за престојот во јавниот превоз.

– Приватните превозници прават што сакаат и како сакаат, ги плаќаат по километар, а агонијата на корисниците на нашите ГСП услуги и приватните превозници продолжува, бидејќи приватните превозници не ги возат нашите сограѓани, туку самоволно прават километри, а автобуси возат празни – вели Зоран Стефановиќ од синдикатот Правда ГСП.

(С.Бл.)