Подготвена џиновска пита долга 4 метри и широка 20 сантиметри

68

Велес постави нов рекорд – вештите раце на пита мајсторите подготвија џиновска пита во должина од 4 метри и широчина 20 сантиметри. Зоранчо Илиевски, Стеве Костадинов, Георгиј Јамалов, Благојче Николов, Александар Панов, Паскал Јамалов, Лазе Коцевски и Александар Јамалов од фурна „Гемиџии“ ја подготвија оваа пита која во себе содржи 15 килограми брашно, 25 килограми тесто, 40 килограми месо и 330 јајца.

Во соработка со Црвен крст Велес беа собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели.

На оваа велешка традиција присуствуваше и премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со министерот Зоран Љутков, пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов, колегата градоначалник Митко Јанчев, претседателот на Советот, Даниел Јаневски, и советниците од Советот на Општина Велес.