МВР ќе врши зголемена контрола, полициско обезбедување во училиштата по обидот за силување на малолетник

33

Министерството за внатрешни работи нема големи надлежности за случајот со обид за силување на првооделенец од негови соученици во основното училиште Димитар Поп Ѓоргиев- Беровски во општината Ѓорче Петров.

Бидејќи станува збор за малолетници кои не можат да одговараат пред законот, министерот за внатрешни работи ги повика надлежните институции да постапат. Вели од она што може да го направи ресорното министерство за во иднина да се спречат вакви девијантни однесувања, е да се зголеми видео надзорот и да се зголеми присутноста на полициски службеници.

Обидот за сексуално злоставување на малолетник од негови врсници во вторникот напладне што ја згорзи македонската јавност, бил пријавен веднаш во полиција од таткото на детето, откако според информации на сител и било кажано на наставничлата но таа не презела ништо. Според МВР, децата со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз соученикот.

Беше формирана комиција со која веднаш беше суспендиран одговорниот наставник на одделението, а против четири наставници ќе се поведе дисциплинска постапка. Директорот на училиштето си даде оставка од морални причини, а на негово место беше поставен нов в.д. директор.