Хезболах гаѓаше фабрика за експлозиви јужно од Хаифа

454

Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека извршила серија воени операции против израелските позиции на либанско-палестинската граница, вклучувајќи ја и базата Хома на Голанската висорамнина.
Рано утринава борците на Хезболах ја нападнаа базата 7200 јужно од градот Хаифа, каде што велат дека има фабрика за експлозиви, пренесува либанскиот ТВ канал Ал Мајадин.

Израелската армија соопшти дека два дрона биле лансирани од Либан кон централен Израел.

„Едниот дрон е пресретнат, додека другиот удрил во зграда во Херцлија, предградие на Тел Авив“, се наведува во соопштението и се додава дека во нападот нема жртви, пренесува Хаарец.