Русија потврди: Трамп испратил примероци од тестови за Ковид-19 во Кремљ во раните денови на пандемијата

77

Русија потврди дека Доналд Трамп испратил примероци од тестот за Ковид-19 на Кремљ во раните денови на пандемијата.

„Администрацијата на Трамп ни испрати неколку примероци за тестирање“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Откритијата во новата книга на новинарот Боб Вудворд покренаа дополнителни прашања за односот на поранешниот американски претседател со рускиот лидер Владимир Путин, пренесува Си-Ен-Ен.

КреВудворд напиша дека Трамп „тајно му испратил на Путин куп машини за тестирање на „Abott Point of Care Covid“ за негова лична употреба.

Трамп ги негираше тврдењата на книгата, велејќи за ABC News дека тие се „лажни“.

Песков не потврди дали тестовите биле исклучиво за употреба на Путин, како што пишува Вудворд.

„Во тоа време започна пандемијата и ситуацијата беше многу тешка за сите земји“, рече портпаролот на Кремљ.