Неверојатен производ на семејна фабрика за чоколади: Темна чоколада која содржи и свинска крв и чварки

47

Зотер (Zotter), семејната фабрика за чоколади од Јужна Штаерска, создаде нова чоколада, и тоа е малку необично, посветено на – Колиња.

Станува збор за чоколадото Sautanz Specktakel, а зборот „sautanz“ значи колине, обичај што е подеднакво популарен и кај Австријците и кај Хрватите.

Затоа чоколадото Sautanz Specktakel содржи некои суштински квалитети на колиње, но во умерени количини – освен што има некои состојки кои се карактеристични за чоколадото, како што се бадеми, лешници, дехидрирани малини, цимет, кардамон, анасон и ким, содржи и три проценти чварки и два отсто свинска крв.

На нивната официјална веб-страница пишува дека се работи за екстра темно чоколадо направено од 60 проценти какао, наполнето со нугат од лешник со чварки, слој бело чоколадо, малини и неколку „капки вистинска свинска крв“ од свињи кои самите ги одгледуваат.

„Нашите свињи удобно живеат во колиби во шумата и на пасиштата, кои се дел од нашето органско одгледување во нашата Edible ZOO. Нашиот концепт на отворена штала, која им овозможува на животните пристап и излез во секое време, ја доби наградата за благосостојба на животните во провинцијата Штаерска“, се вели на нивната веб-страница.

Иако содржи состојки кои се невообичаени за чоколадото, па ретко кој би сакал да го проба, ова чоколадо има, како што велат, има сосема нормален вкус, без непријатни ноти на свинска крв или чварки.