Пет минути за совршено попладневно уживање: Крофнички со банана

74
Фото:википедија

Крофните од банана се добра идеја ако сакате да пробате нов рецепт.

За овој десерт нема да ви требаат јајца и квасец, туку само банани, брашно, прашок за печиво, масло и пет минути подготовка.

Доколку сакате посладок вкус, можете да ги валкате во шеќер.

Состојките што ќе ви бидат потребни се:

  • две банани
  • 60 грама брашно
  • една кафена лажичка прашок за пециво
  • масло за пржење

Подготовка:

Во сад изгмечете ги бананите за да добиете кашеста смеса како пире. За овој рецепт пожелно е да користите зрели банани бидејќи се помеки и послатки.

Соединете една кафена лажичка прашок за печиво со брашно и додадете го пирето од банана. За овој рецепт можете да користите и интегрално пченично брашно. Се замесува тесто и се прават топчиња кои треба да бидат лепливи.

Загрејте го маслото во мало тенџере на средна температура и пропржете ги крофните. Не користете пржење на топол воздух бидејќи крофните нема да имаат добар вкус.

Ако сакате што е можно полесно да го исцедите тестото во тенџерето со масло, користете шприц за украсување или кесичка за замрзнување со отсекување на еден агол.

Кога крофните ќе добијат златна боја, ставете ги на хартиена салфетка за да се впие вишокот масло. Ако сакате послатки крофни, валкајте ги во гранулиран шеќер или шеќер во прав.