СПЕКТАКУЛАРНО ПРОСТУВАЊЕ ОД ФУДБАЛОТ: Подолски во солзи замина во легендите/ВИДЕО

154

Легендарниот фудбалер Лукас Подолски на величенствен начин се прости од фудбалот, пред преполниот стадион „РајнЕнерџи“ во Келн. Германскиот фудбалер со полско потекло, кој стана третиот најдобар стрелец во историјата на германската репрезентација, реши да стави крај на фудбалската кариера со поддршка од 50.000 навивачи.

Подолски го одигра последниот натпревар со својот тим и забележа победа од 5:3. Иако постигна гол за својот тим, се беше во втор план бидејќи навивачите со овации го испратија легендарниот фудбалер. Доживеа емотивен момент кога држејќи факел во друштво на навивачи пред преполна трибина, заплака покажувајќи колку ќе му недостасува фудбалот.