Бен сака да ја заборави Џеј Ло: „Никогаш нема да можам да избегам од неа“

270

Бен Афлек и Џенифер Лопез се разделија пред шест месеци, но приказните за нивниот неуспешен обид да останат заедно додека „смртта не ги раздели“ ќе го следат актерот до крајот на неговиот живот.

И токму тоа го плаши.

„Не можеш да избегаш од неа“, наводно му се доверил на пријател, кој сето ова го раскажал за DailiMail.com.

Актерката и пејачка Лопез (55) прва го прекрши заветот за молчење за разводот.

Таа во интервју за магазинот „Интервју“ откри дека и е скршено срцето, дека е „тажна и несреќна“.

Афлек (52), наводно, не бил свесен дека Џенифер планира да зборува, а кога таа го направила тоа, не му било грижа.

„Со оглед на тоа што се што им се случи беше снимено и јавно споделено, Бен мораше да знае дека така ќе биде и сега. Тој сака таа да не зборува за тоа, но чувствува дека таа секогаш ќе зборува. Го погоди и тоа што не му соопштила дека ќе разговара за нивната врска, но свесен е дека таа е таква и никогаш нема да може да и побегне“, рекол изворот.

Инсајдерот додал дека на Афлек му е јасно дека Џен мора да се справи со разводот на овој начин.

„Ми кажа и дека секој на свој начин се справува со загубата и раскинувањето, но некои работи би сакал да ги задржи за себе, особено важните детали за нивната врска“, вели инсајдерот.

Лопез поднесе барање за развод од Афлек на 20 август по неколкумесечни шпекулации дека нивниот втор обид за љубов не успеал, 20 години по нивното прво разделување.

Во исто време, Џеј Ло детално го опишала своето „навистина тешко“ раскинување во интервју за магазинот „Интервју“, во кое зборувала за својот живот, кој, како што истакнала, „експлодирал точно во лице“.

„Се чувствувам осамено, непознато, страшно“, рече тогаш таа.