Шабан Шаулиќ запеа со Илда на концерт! Холограм во три димензии предизвика емоции кај публиката/ВИДЕО

102

Поминаа повеќе од пет години од смртта на кралот на фолкот, но неговата музика ќе живее вечно, а неговата ќерка Илда најде начин нејзиниот сакан татко да биде дел од концертот што го одржа во салата МТС.

Наследничката на легендарниот пејач ја испеа првата строфа од песната „Не плачи душо“, по што од маглата се појави тродимензионален холограм на Шабан и ја изведе втората строфа од песната.

Ова ги трогна сите присутни, па многумина во публиката заплакаа, а со солзи во очите Илда потоа се сврте кон својот татко и ја отпеа песната „Солза“ која му ја посвети.

Шабан Шаулиќ трагично загина во сообраќајна несреќа пред пет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Estradni Miks (@estradni_miks)