Се стресе тлото во Македонија: Земјотрес кај Демир Капија

76

Земјотрес со јачина од 3,2 степени утрово го погоди јужниот дел на Македонија, во близина на Демир Капија.

Епицентарот бил во селото Конче, на длабочина од 9 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во Струмица, Валандово, Радовиш и Кавадарци. Засега нема пријави за материјална штета.