Израелската армија тврди дека го убила лидерот на Исламскиот џихад

28
EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелската армија објави дека убила водач на Исламскиот џихад од палестинскиот бегалски камп Нур Шамс во Тулкарем, на Западниот Брег.

„Од авионот е гаѓана областа Тулкарем, а Мохамад Абдула, водачот на терористичката мрежа Исламски џихад во Нур Шамс, е „елиминиран““, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека во нападот, кој се случи вчера, убиен е уште еден член на екстремистичката група.

Абдула беше наследник на Мухамед Џабер, кој беше убиен на 29 август во израелски напад врз тој камп.

Исламскиот џихад, кој има упориште во бегалските кампови на северот на Западниот Брег, не ја потврди оваа информација.

Израелската армија го обвини Мохамед Абдула за „вклучување во бројни напади во регионот“, се вели во соопштението на Телеграм.