Аурора бореалис, попозната како поларна светлина, вечерва е видлива од некои делови на Србија. Оваа појава е највидлива од руралните средини, каде што нема поголемо вештачко осветлување.
Поларната светлина (aurora polaris) е осветлувањето на ноќното небо, обично во поларните региони. На север се нарекува “аурора бореалис“ (aurora borealis), а кога се појавува на Јужниот пол, се нарекува „аурора аустралис“ (aurora australis).
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што и двете аурори се од исто потекло, научниците го нарекуваат феноменот „поларна аурора (аурора поларис“ – северна зора). Името „северна зора“ е изведено од впечатокот што се добива при појавувањето на поларната светлина, особено гледано од Европа – црвеникава светлина се појавува на северниот хоризонт исто како на исток, во зори, пред изгрејсонце.
View this post on Instagram
Поларната светлина е поврзана со електрични и магнетни феномени во горните слоеви на атмосферата.
Се формира како резултат на интеракцијата на сончевите ветрови и магнетното поле на Земјата.
View this post on Instagram