epa10546377 US actress and singer Jennifer Lopez attends the premiere of ‘Air’ at the Regency Village Theatre in Los Angeles, California, USA, 27 March 2023. The movie with be released in theaters on April 5, 2023. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Латиноамериканската пејачка и актерка Џенифер Лопез за магазинот „Interview“ проговори за големите промени кои и се случиле во животот, како и за она што го научила додека минувала низ тешки животни фази. Таа исто така истакна дека „не се кае за својот избор ниту една секунда“.

„Тоа е доживотен процес“, рече Џенифер за нејзината постојана потрага по саморазбирање и откривање низ животните подеми и падови.

„Имаше моменти кога мислев дека разбирам се и научив некои животни лекции, но потоа животот повторно ми ги праќа и тогаш сфаќам дека ништо не сум научила“, искрено изјави познатата пејачка и актерка.

Таа зборуваше и за разводот со Бен Афлек и рече дека мисли дека „навистина и требало раскинувањето“.

“Жал ми е што ми требаше толку време да сфатам и тоа после неколку пати. Тоа требаше да го знам порано, сега знам”, рекла Џенифер.

Таа се пошегува и за себе: “Сакав да сум во врски и сакав да остарам со некого. Мислев дека така ќе бидам исполнета и среќна, но не бев. Конечно ја научив лекцијата – ми требаа само 30 години.

Џенифер откри и дека не бара и не сака да започнува нови врски.

“Малку сум возбудена да бидам и да сум сама. Не барам никого затоа што сакам да видам што можам да направам кога летам сама, кога сум слободна”, објасни таа и додаде: “Мора да бидеш здрав и да бидеш цел ако сакаш нешто повеќе. Мораш да бидеш добар со себе, си мислев дека го разбрав ова, но решив дека морам да бидам сама, сакам да си докажам дека можам да го направам тоа“.

Таа одговори и на прашањето дали мисли дека тоа ќе биде тешко.

„Чувствувам осаменост, страв, тага и очај… Но кога ќе ги прифатиш тие чувства и ќе си кажеш дека нема да те убијат, тогаш сфаќам дека сум способен да почувствувам и среќа и радост… Да се ​​биде во врска не ме дефинира“, изјави Џенифер, која на 20 август годинава поднесе барање за раскинување на двегодишниот брак со актерот Бен Афлек.