Тимот на Партизан, кој беше учесник на третото издание на меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, и има големи амбиции на домашна сцена. Аспирациите во клубот од Белград пораснаа на едно повисоко ниво, откако во првото коло од српскиот шампионат „црно-белите“ славеа против актуелниот шампион Војводина.

Според пишувањата на српскиот портал „Моцарт спорт“, како потенцијално засилување во Партизан се споменува името на Дмитри Житников од Висла Плок.

Житников (34) иако не игра на високо ниво во полскиот шампион и нема голема минутажа, сепак, би бил големо засилување во тимот на Ѓорѓе Чирковиќ. Житников игра на позицијата среден бек, но одлично се снаоѓа и на левата бековска позиција, а зад себе има големо искуство во Лигата на шампионите.