Си најде помлад маж и го остави: Ал Пачино и 54 години помладата Нур Алфала се разделија една година откако добија син

107

Нур Алфала и Ал Пачино добија син минатата година, а сега и ставија точка на врската.

Холивудскиот актер Ал Пачино (84) и неговата девојка Нур Алфала (30) се разделија. Тие почнаа да се забавуваат во 2022 година, а во јуни минатата година го добија синот Роман. Пачино и тогаш беше недоверлив кон својата партнерка, бидејќи побара да се направи ДНК анализа за да се утврди дека тој е татко на детето. Очигледно, оваа врска полна со недоверба резултирала со раскинување, а младата Нур веќе е видена во друштво на друг маж.

Деновиве многу се шпекулира за нивната врска, а Пачино неодамна ја разјасни целата ситуација. На прашањето на магазинот „Пипл“ дали моментално е во врска, холивудската ѕвезда едноставно одговори: „Не, јас сум само во пријателска врска“.

– Ал и Нур се многу добри пријатели со години и се родители на нивниот син Роман – рекол тој, не сакајќи да ги потврди или негира гласините дека двојката се разделила.

Да потсетиме, вистинската забуна настана во последните неколку дена кога младата Нур беше видена на вечера со Ал Пачино, а потоа и со американскиот комичар Бил Мари, кој е 10 години помлад од Пачино.

Снимени се додека го напуштаа хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес, а не се криеја од папараците кои ги опколија. Тие заедно го напуштиле хотелот во автомобил управуван од Бил.