epa11463593 Novak Djokovic of Serbia in action during the Men's 3rd round match against Alexei Popyrin of Australia at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 06 July 2024. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY

Најдобриот тенисер на сите времиња Србинот Новак Ѓоковиќ, своевремено откри дека практикувал специфичен начин на исхрана, познат како автофагија. Како што истакна тогаш Новак, на оваа диета бил повеќе од една година.

„Би сакал да ја допрам темата автофагија, колку е важно, тој тип на пост 16 – 8 е популарен, 16 часа не јадете, 8 часа јадете, тоа го применувам, почувствував во последните година и половина многу подобрување на дигестивниот систем, подобро спијам, имам повеќе енергија во текот на денот“, изјави тогаш Ѓоковиќ.

Покрај автофагијата, Новак Ѓоковиќ пред неколку години зборуваше и за својата исхрана и во таа прилика го откри менито кое му дава сила, а една храна која ја консумира наутро чини само 50 денари.

„Кога ќе се разбудам, денот го започнувам со млака вода и лимон, така му помагам на телото да се детоксицира, а потоа пијам сок од целер на празен стомак, па правам пауза, по што пијам зелени смути, во кое има и многу суплементи, а јадам и многу овошје. Првиот дел од денот не сакам да јадам храна која бара многу енергија за да се свари затоа што тогаш ми треба најмногу енергија за тренинзи, користам и киноа, компири и ориз“, рече Ѓоковиќ во интервјуто со новинарот Граман Бенсигер.