Се гради скијачки центар во Михајлово

75

– Се гради скијачкиот центар во Михајлово. Во зимската сезона, кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови – информираше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Тој наведе дека центарот ги опфаќа потребните елементи за сите возрасти, ски-патека, ски-лифт.

– Целосната опрема е во фаза на изработка од полска компанија. Се очекува да се монтира веќе при крајот на ноември, доколку дозволуваат временските услови. Скијачкиот центар треба да биде во функција оваа зимска сезона, за сите љубители на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации – појасни Јанчев. 

Ова е уште еден голем проект и инвестиција со што продолжува и така брзиот развој на Општината. Ветен во предизборната програма, сега станува реалност.

– Теренските работи се донација од општествено одговорната фирма ЈА МИ – Кавадарци – соопшти Јанчев.