Носијата за млада невеста од Струшко првонаградена на фестивал во Нови Сад

56

Носијата за млада невеста од збирката на стружанецот Љупчо Милошески ја
добри првата награда на фестивалот „Бисерна грана“ во Нови Сад, Србија во
категоријата „Награди за странски држави“.

Носијата, како што информира за МИА, Милошески, е од етничкиот предел
Струшки Дримкол ѝ припаѓала на етничката група Власи „Фашарјоти“, од селото Горна Белица.

На 17. издание на Фестивалот во Нови Сад, учесниците се натпреварувале во две
категории, односно за народни носии од Србија и за народни носии од други
држави.

– Задоволство ми е што во конкуренција со сериозни колекционери и собирачи на народни носии, меѓу педесетина ревијалци, токму носијата од мојата колекција го освои првото место – изјави Милошески.

Носии од неговата колекција, трет пат се дел од фестивалот „Бисерна грана“, а
втор пат се враќа со награда.

– Се работи за една сериозна манифестација, на која главниот збор го има
четиричлена жири-комисија од етнолози и познавачи на народните носии, позната во Србија и регионот меѓу собирачите на народни носии – истакна Милошески, нагласувајќи дека е убаво чувството кога се вреднува и препознава трудот.

Покрај наградената носија, на фестивалот во Нови Сад, биле презентирани и носии за невести од етничките предели: Дебарско Поле и Голо Брдо – село Дренок од колекцијата на Милошески.