Сузана Гавазова е секси и кога е на фестивалот на пивото –  со тетоважи, без високи потпетици, во патики

214

Атрактивна е во секој поглед! Згодната пејачка го сака вкусот на пивото, па деновиве ја подели радоста со сопругот Јасмин Курузовиќ. Тие се забавуваат на големиот фестивал на пивото во Минхен, Германија, на надалеку прочуениот „Октобер фест“

Една од најатрактивните македонски пејачки, која го има големиот хит „Бум, бум“, Сузана Гавазова, не престанува навистина да прави бум и на естрадата и надвор од неа. Деновиве, таа им покажа на сите како се живее животот, па наместо на турнеја, се упати на голема забава во Германија. Да си направи ќеф и тоа, секако, не сама. Со друг е секогаш во ред, и кога се дели тагата, но многу повеќе – и кога се дели радоста.

Згодната пејачка деновиве ја дели радоста со сопругот Јасмин Курузовиќ. Тие се забавуваат на големиот фестивал на пивото во Минхен, Германија, на надалеку прочуениот „Октобер фест“. Таму, Сузи не пее ни под разно, туку максимално ужива со сите сетила. А, и го сака вкусот на пивото, особено на оние најпознатите, кои се мелем за душата и за пребирливиот истенчен вкус, каков што имаат Гавазова и нејзиниот Јасмин.

За „Октобер фест 2024“, со својата појава, Сузана ги остави без здив и самите Германци. За оваа „пивска журка“ е облечена во лежерна комбинација: црни панталони и бела но, и сина блуза. Со истакнати тетоважи! Едноставно, но ефектно. Високите и здодевни потпетици на кои често настапува на сцената, ги замени со бели патики, во кои ретко имаме можност да ја видиме.

Јасмин коментира на сето ова дека сопругата му се допаѓа во која било модна комбинација. Таа, за него, е најубава, но и најсакана на овој свет.   Д.М.