Коста Кецмановиќ сведочи од говорница, а не сокриен зад темно стакло

823

Коста Кецмановиќ, момчето кое лани го изврши масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ сведочи во Специјалниот суд во Белград, на судењето на неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ.

Иако беше најавено дека неговото сведочење ќе биде зад затемнето стакло, Танјуг информира дрека тој сега е зад говорниоцата, зашто најверојатно се согласил да сведочи.

 

Коста Кецмановиќ во судницата за првпат откри зошто ги уби другарите!

 

Утринава тој е донесен во судот од детската  психијатриска болница каде е сместен од 3 мај лани, кога го изврши масакрот.

На сведочењето прашања можат да му постават оштетените, кои наводно подготвиле 250 прашања, судијата, обвинителот, обвинетите и нивните адвокати.

Коста има право да одбие да сведочи како близок роднина на обвинетите, но со оглед на тоа што судењето е почнато пред еден час, се претпоставува дека Малиот Кецмановиќ сепак сведочи. Од процесот е изоставена јавноста.