Рускиот „Ди Каприо“ на првата линија на фронтот во Украина: Му пропадна кариерата на двојник откако многу се здебелил/ФОТО

189

Роман Бурцев (41), Русин познат како двојник на холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, беше поканет да се приклучи на војската на Владимир Путин откако дебелината му ја уништи актерската кариера.

Сега невработениот Бурцев, кој се прослави глумејќи го американскиот актер, откри дека новите деловни можности му бегаат откако се здебелил. Се надевал дека улогата на двојник ќе му донесе слава, богатство и семејство, но ангажманите во рекламите, како онаа за вотката „Five Lakes“ сепак не беа доволни.

Пред да почне да работи како двојник на Ди Каприо, Бурцев бил ИТ специјалист. Пред да замине во војна, „рускиот ди Каприо“ живеел со своите родители и една мачка во изнајмен државен стан во Подолск, во близина на Москва. Инаку, Бурцев е осум години помлад од холивудската ѕвезда, а сега е на првата линија на фроното во Украина.

Бидејќи неговата актерска кариера не вродила со плод, повремено работел на пазар и во железарница, но тоа финансиски не му било доволно, па завршил во војската на Путин.