Се предвидува дека ураганот Милтон ќе биде потенцијално најлошата бура што ја погодила Флорида во „повеќе од 100 години“, според FOX Weather.
Милтон, кој во понеделникот зајакна до ураган од петта категорија, се очекува да погоди делови од западно-централниот дел на Флорида под „уникатен агол“ што може да донесе ситуација од која стравуваа одговорните за итни случаи, и се подготвуваа со децении. Ураганот може да дојде или над или северно од областите Тампа-Сарасота и може да донесе значително повеќе вода од претходните урагани во регионот.
Catastrophic visuals of Hurricane Milton from the International Space station – A Category 5 (Cat 5) storm over the gulf of Mexico heading towards florida with 175 mph winds, Strongest in last 20 years! 🤯
On its way to become Cat 6 Hurricane?#HurricaneMilton #Milton pic.twitter.com/REBZmnFQ1B
— Vishal Verma (@VishalVerma_9) October 7, 2024
„Западниот брег на Флорида е особено ранлив на бранови на невреме, како што видовме. Дури и тропска бура може да ја турне водата во Заливот до опасни височини, а камоли голем ураган. Важно е сите во Централна и Јужна Флорида да бидат добро информирани затоа што работите се развиваат брзо“, вели метеорологот Брајан Норкрос.
From tropical storm to Category 5 hurricane in 24 hours.
Hurricane Milton underwent simply astonishing rapid intensification. pic.twitter.com/LhwNfUIAtO
— CIRA (@CIRA_CSU) October 7, 2024
Од Хелен не поминаа ни десет дена, а дел од Соединетите Американски Држави веќе се загрозени од Милтон. И покрај навидум безопасното име, зад овие имиња се кријат зли урагани, временски настани кои под влијание на климатските промени се почесто се случуваат на северноамериканскиот континент.