Улиците на Појасот Газа, каде Израел продолжува со безмилосни напади веќе една година, се претворија во масовни гробници, јавува Anadolu.
Од 7 октомври минатата година, кога започна геноцидната војна во Израел, многу семејства во Појасот Газа мораа да ги закопаат своите убиени членови на семејствата на сред улици, во дворовите на нивните куќи, на игралишта, па дури и на тротоарите.
Гробови може да се видат на секој чекор низ улиците на Газа. Тие станаа симболи на хуманитарната трагедија во палестинската енклава.
Според статистичките податоци објавени од Европско-медитеранската опсерваторија за човекови права (Euro-Med), од 7 октомври минатата година досега се направени повеќе од 120 масовни гробници.
Емел ал-Есвед, која живее во населбата Шеик Ридван во градот Газа во северниот дел на Појасот Газа, секојдневно ги посетува гробовите на нејзиниот сопруг Сами и роднината Мустафа, кои беа убиени во израелски воздушен напад во јануари и погребани на фудбалско игралиште зад нивниот дом.
„Мојот сопруг отиде во Беит Лахија на северот од Појасот Газа за да му помогне на својот брат да донесе некои работи од неговата куќа. Израелски авиони гаѓаа во нив на враќање и ги убиле“, изјави оваа мајка на осум деца.
Како што рече, сопругот и роднината ги закопале на фудбалскиот терен бидејќи не можеле да стигнат до гробиштата поради континуираното бомбардирање на израелската армија, намерното блокирање на патиштата и уништувањето на инфраструктурата.
Во северниот дел на Појасот Газа, многу семејства се уште бараат можност да ги погребаат своите најблиски на вистински гробишта.
Стадионот Тавхид во областа Шеик Ридван е претворен во привремени гробишта уште од првите денови на геноцидните напади на Израел.
„Луѓето ги погребуваа убиените на стадионот бидејќи не можеа да стигнат до гробиштата“, рече Махмуд Абу Фул, еден од жителите.
Тој изјави дека досега на стадионот се погребани близу 250 луѓе.
Ибрахим ал-Мисри, кој мораше да мигрира со семејството од Беит Ханун во бегалскиот камп Џабалија, рече дека неговиот брат Махмуд, кој беше убиен во израелски напад, мора да биде погребан на земјоделско земјиште.
Тој посочи дека кучињата скитници ги оштетуваат гробовите по улиците.
„Ние ги проверуваме гробовите секој ден поради големиот број кучиња скитници кои ги копаат гробовите по улиците“, рече Ал Мисри.
Посочи дека сакаат на достоинствен начин да ги погребаат своите најблиски.
Ал Мисри рече дека ситуацијата во Газа е тажна и дека телата на убиените Палестинци се расфрлани по улиците и тротоарите.