Санкционирани 148 непрописно паркирани возила во Центар

16

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 30.09. до 06.10.2024 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 148 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.