Конечна одлука за ,,балансерот,, при вработување во среда, Уставниот суд закажа седница

Во среда на седница на Уставниот суд конечно ќе се пресеча дали огласите за работа во државната администрација ќе се делат по националност

59

Во среда на седница на Уставниот суд конечно ќе се пресеча дали огласите за работа во државната администрација ќе се делат по националност. На претходната седница уставните судии ставија времена мерка до конечна одлука, односно така наречениот ,,балансер,, се замрзна. Иницијативата до Уставен за оценување на уставноста и законитоста на Законот за административни сужбеници, односно делот ,,и припадност на заедница,, како и методологијата за планирање на вработувања во јавниот сектор, по прифаќање на иницијативата беше поднесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција. Судот по неколкучасовна работа одлучи да поведе постапка а со тоа и времено го запре вработувањето на национална основа.

Дискусијата се разви по прашањето  дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.