Авиокомпанија забрани пејџерите и воки-токи во своите авиони

19

Авиокомпанија „Емирати“ од Обединетите Арапски Емирати, објави дека забранила пејџери и воки-токи во своите патнички авиони откако уредите експлодираа во Либан.

„На сите патници кои патуваат со летови за Дубаи или транзитираат низ Дубаи, им е забрането да имаат пејџери и воки-токи во чекиран или рачен багаж, се вели во соопштението на авиопревозникот. Ваквите предмети пронајдени во рака или чекиран багаж на патниците ќе бидат конфискувани од полицијата во Дубаи“, потенцираат од авиокомпанијата.

Овој потег следува по серијата експлозии на пејџер и воки-токи во Либан на 17 и 18 септември, во кои загинаа над 40 луѓе, а беа повредени речиси 3.500.

Се верува дека Израел е одговорен за нападот, но тој не ја презеде одговорноста. Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток, исто така, објави дека летовите за Ирак и Иран ќе останат суспендирани до вторник, а летовите за Јордан ќе бидат обновени во недела.

Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезболах поддржан од Иран, вклучително и нападите во близина на аеродромот во Бејрут.

Неколку други авиокомпании, исто така, ги прекинаа летовите кон Бејрут и другите регионални аеродроми поради зголемените тензии.