Парис Хилтон отворена за својата дијагноза: Она што за лекарите е синдром на невнимание, за неа е суперсила

151
На Парис Хилтон, поранешната ТВ- реалити ѕвезда, пејачка, актерка, ѝ е дијагностицирана состојба на дефицинт на внимание и хиперактивност или АДХД.
За тоа ѕвездата пишуваше во најновиот есеј, пренесува „Пипл“.
Своевремено симптомите придонеле таа да биде испратена во проблематична установа за тинејџери.
„Додека растев, секогаш ми велеа дека сум премногу енергија, премногу расеана, премногу муабетчика – баш се“, со овие зборови Хилтон го започнува есејот.

Во споменатата установа била предмет на сериозна злоупотреба.

„Убаво ќе беше некој да прашаше: Што се случува всушност со неа? Наместо тоа, поминав години чувствувајќи се неразбрано, казнета поради начинот  на кој функционираше мојот ум. Дури многу години подоцна открив што всушност се случува“, продолжува Хилтон.

За мајката на две деца,  состојбата АДХД не е ограничување.

Тоа е суперсила.

„Тоа е  моето тајно оружје во светот кој често ни кажува да играме на сигурно“, напиша Хилтон.

„Со оглед на тоа дека мојот мозок цвета од новости, смели идеи и иновации, светот го гледам како полн со можности и научив да ја прифаќам таа енергиј“, заклучува Хилтон.