Сирија поднесе барање за членство во организацијата БРИКС

44

Сирија сака да се приклучи на организацијата БРИКС и веќе поднела барање за прием, објави денеска сирискиот амбасадор во Русија, Башар Џафари.

Тој истакна дека неговата земја е многу заинтересирана да се приклучи на таа организација, пренесе руската агенција Тасс.

Испративме писмено барање за прием во БРИКС“, рече сирискиот амбасадор на маргините на форумот „Северен Кавказ: Нови геостратешки можности“.