Признанија и парични награди за најдобрите нaставници и стручни соработници

38

Најдобрите наставници и стручни соработници од осумте основни училишта во Општина Аеродром денеска добија признанија и парични награди во висина од 10 илјади денари.

Признанијата и наградите им ги врачи в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески по повод Светскиот ден на наставникот – 5 Октомври.

Тој им се заблагодари за нивната посветеност и за љубовта со која ја работат една од најблагородните професии и им посака уште многу поголеми успеси и достигнувања во нивната кариера.

Оваа година за најдобри наставници од страна на училишните одбори се избрани: Ивана Цветановска од ОУ „Љубен Лапе“, Марјанa Настевска од ОУ „Блаже Конески“, Александар Темелковски од ОУ „Александар Македонски“, Соња Фортуманова од ОУ „Браќа Миладиновци“, Виолета Јовановска-Никовска од ОУ „Димитар Македонски“, Љубинка Стојановска од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Марија Андонова од ОУ „Гоце Делчев“ и Марина Нанева од ОУ „Лазо Ангеловски“.

Општина Аеродром им честита на наградените наставници и стручни соработници кои заедно со своите колеги секојдневно работат со децата и вложуваат огромен труд за нивно образование и воспитување, што резултира со успешни генерации кои се нашата иднина.