Мегаскандал изби во САД откако беше обелоденето дека главниот тренер на НФЛ- тимот на Лос Анџелес рајдерс, Антонио Пирс, додека бил во стручниот штаб на НЦАА-тимот на Аризона стејт, ги носел родителите на играчите во стриптиз- клубови!

Против него е отворена истрага во НЦАА откако излегоа докази дека во текот на 2021 година и пандемијата на коронавирусот, регрутирал играчи за својата програма така што ги водел нивните родители на стриптиз.

Пирс веднаш доби едногодишна суспензија, но очигледно нема да му значи тоа, бидејќи сега не е во колеџ-лигата, туку тренира тим од НФЛ. Инаку, НЦАА има многу строги правила за регрутирање млади играчи и незаконски е да им се нудат пари на играчите, работни места на родителите, а камоли вакво нешто.

Во Аризона, Пирс беше дефанзивен координатор во стручниот штаб на Херм Едвардс, а воедно беше и човек кому лесно му доаѓаа глупости на ум.

Постојат докази за најмалку десет семејства на играчи што се обидел да ги поткупи на овој начин. Покрај посети во стриптиз-клубови, на родителите им било платено сместување во хотел. Исто така, ги носел на куглање, им плаќал ручеци, возачи, бесплатно биле водени низ кампусот…

Откриено е и дека се побунила и жената што ги возела родителите една вечер. И таа поднела обвинение против него, па затоа неговата ситуација е многу јасна и нема шанси да биде помилуван. Не само што е вмешан во овој скандал туку и ја доведе сопругата до банкрот откако инвестираше во бизнис што пропадна.

  • Пирс свесно и без покајание ги занемари клучните принципи на НЦАА и направи многу прекршувања во овој случај. Непочитувањето на правилата на НЦАА кај Пирс беше мотивирано од неговото верување дека мора да биде агресивен тимот на натпреварувањето со другите за да остане конкурентен. Исто така, според едно сведочењето, Пирс не бил несвесен за последиците од кршењето на правилата на НЦАА поради неговата финансиска сигурност и самопрогласеното богатство и почнал да ги крши правилата. Тој им се заканувал дека ќе ја загубат работата доколку не ги слушаат неговите наредби – се вели во извештајот на НЦАА.

Пирс има 45 години, а беше во Аризона сан девилс од 2017 до 2021 година. Пред сезоната 2022, тој ја напушти работата и почна да работи во стручниот штаб на Рајдерс. Прво беше задолжен за работа со бековите, а потоа, во октомври, како привремено решение го презеде тимот од Џош Мекданиелс. Во јануари беше официјализирано дека тој е долгорочно решение, а дали ќе биде санкциониран сега – ќе видиме.