Шок на светските финансиски пазари: Откриен идентитетот на КРЕАТОРОТ НА БИТКОИНОТ?!

250
EPA-EFE/Rodrigo Sura

Новиот документарец на американската кабелска телевизиска мрежа „HBO“ тврди дека го открил вистинскиот идентитет на псевдонимниот креатор на биткоинот, Сатоши Накамото.

Доколку се прифатат податоците во документарецот, објавувањето би можело да предизвика шок на светските финансиски пазари, па дури и на претседателските избори во САД, со оглед на начинот на кој републиканскиот кандидат Доналд Трамп го поддржа биткоинот, пишува Politico.

Документарецот е најновото дело на Кален Хобак, номиниран за Еми.
Документарецот треба да се емитува следната среда во два часот по средноевропско време. Биткоинот е создаден во 2009 година.