Градско првенство во тенис во Битола

12

Тенискиот клуб „Чакулески“, со поддршка од Општина Битола, по втор пат организира градско првенство во тенис, во категориите црвен, портокалов, зелен и женски тенис, за децата на возраст од 12 до 14 години.

Турнирот ќе се одржи в сабота и недела, на новите три тениски терени кај Градскиот стадион, со почеток во 10:00 часот.

Организаторот на настанот се надева дека на овој начин повторно ќе му се даде акцент на тенисот како спорт, со учество на што поголем број млади тенисери и тенисерки, кои се поканети да учествуваат.

Покрај натпреварувачкиот дел, настанот ќе биде збогатен и со други забавни активности, а Општина Битола и понатаму ќе ги поддржува спортските активности, кои го јакнат спортскиот дух кај младите битолчани.