epa11463593 Novak Djokovic of Serbia in action during the Men's 3rd round match against Alexei Popyrin of Australia at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 06 July 2024. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY

Најдобриот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, не е познат само по своите игри на теренот туку и надвор од него. Еден е од оние што имаат важна улога во одбраната на колегите преку синдикатот на играчи ПТПА, кој сега планира да оди чекор понапред, поради што е ангажирана голема група адвокати.

Таа важна организација за одбрана на правата на тенисерите е основана од Србинот и сега почнува да се бори против нешто што ги измачува неговите колеги (особено оние понискорангираните на АТП) – големиот проблем со пренатрупаноста на календарот, бидејќи кога ќе се погледне сè, сезоната завршува кон средината на ноември, а новата започнува кон крајот на декември, со што останува еден нецел месец за одмор.

– PTPA ангажираше неколку светски познати адвокатски канцеларии за целосно да ја сменат структурата на тенисот. Главната поента на оваа акција лежи во фактот дека просечниот тенисер работи премногу и има премали приходи за стандардот на глобално популарниот спорт. Се чини дека револуцијата би можела да започне однатре – пишува „Brutansian Telegraph.“

Понатаму се вели дека тенисот е втор најгледан спорт веднаш по фудбалот, а деветти по заработка. Тенисот е втор најгледан спорт според нашите податоци, веднаш по фудбалот. И покрај тоа, е само деветти кога се гледа заработката. Четири грен-слема годишно на играчите им носат меѓу 14 и 16 отсто од нивната вкупна заработка, додека, на пример, на кошаркарите во Америка на ист начин им се враќаат околу 50 отсто од парите. Потребни се реформи во тенисот, бидејќи играчите имаат најмногу да загубат. Некои не чувствуваат итност, но секој пат кога ќе излезе некој спортист на терен, неговата кариера може да биде завршена. Дури и да не се случи тоа, нивните кариери траат многу кратко.

Неретко може да се слушне дека играчите се жалат на споменатите проблеми, па дури и Циципас пиша за тоа на социјалната мрежа Х, но подоцна ја избриша објавата, што дополнително го зголеми сомнежот кај обожавателите.

– Потребата за промени сега е поитна од кога било. Календарите на АТП и на ВТА се такви што немаме одмор. Кај лидерите како Новак Ѓоковиќ, сè повеќе внимание добиваат приказните за менување на календарот, кој повеќе би им одговарал на играчите – напиша Циципас.

Доколку се реализира тој правен процес, турнирите како оној во Саудиска Арабија, наречен „Шестемина кралеви на слемот“, кој им дава на секој од тенисерите (Ѓоковиќ, Надал, Алкараз, Синер, Медведев и Руне) по 1,5 милиони евра само за учество, може да бидат забранети, како и сите други неофицијални турнири.