Што поголемо вклучување на младите од Аеродром во ракометот

25

Поттикнување на младите за нивно уште поголемо вклучување  во ракометот е основната цел на меморандумот за соработка што го потпиша в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески со претседателот на ракометниот клуб „Аеродром“, Дарко Петровски.

Како што информираа од Општина Аеродром, овој меморандум опфаќа продлабочување на веќе воспоставената соработка, со цел меѓусебна координација, планирање и реализација на заеднички активности.

-Меѓу другото, меморандумот опфаќа организирање на ракометни школи и работилници во основните училишта во Општина Аеродром, за што поголема популаризација на ракометот меѓу децата – наведуваат од локалната самоуправа, додавајаќи дека младите во Аеродром имаат пристап до голем број спортови и токму затоа со гордост го носи името најспортска општина, а Општината и во иднина ќе им дава безрезервна поддршка на спортските клубови.