Противпожарно возило за потребите на Кисела Вода

26

Општина Кисела Вода обезбеди противпожарно возило, со цел да ги заштити животите и имотот на граѓаните.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски истакна дека возилото е донација од општествно одговорна компанија и ќе и биде понудено на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, со цел таа да може поефикасно да одговори на идните предизвици и да ги заштити жителите на општина Кисела Вода.

 – Секое лето, а посебно изминатово, сите видовме колку лесно и брзо може да се запали и прошири пожар, загрозувајќи го животот, домот и природата и за жал увидовме дека е неопходно подобрување на капацитетите на нашата Противпожарна Бригада. Сметам дека снабдувањето со ново возило претставува значајна помош, особено во моменти кога навистина е неопходно брзо и ефикасно да се реагира -изјави Ѓорѓиевски.